Ве молиме почекајте...

Септима дооел Скопје
За нас
Специјалист за обезбедување логистички и фармацевтски услуги на фармацевтскиот пазар во Северна Македонија.

Им обезбедуваме целосна поддршка на нашите партнерски компании - услуги за застапување на пазарот на Република Северна Македонија (увоз, регистрација, маркетинг и промоција, продажба, дистрибуција до веледрогериите и до крајните корисници ).

Тимот на „Септима“ го сочинуваат докажани, искусни професионалци, кои успешно работат на фармацевтскиот пазар во Република Северна Македонија, постојано подобрувајќи ги постојните и воведувајќи нови услуги и решенија, поставувајќи високи стандарди во фармацевтските услуги и дистрибуција, со што се развиваат квалитетни, долготрајни односи со деловните партнери.

Развојот на тимот на „Септима“ ги следи потребите на компаниите за да обезбеди комплетна услуга на едно место, од увоз, регистрација, маркетинг и професионална промоција, до продажба и дистрибуција до крајниот потрошувач на територијата на Република Северна Македонија.

Како член на групацијата ERGOwbs, „Септима“ ги поддржува своите партнери во воведување производи од нивното портфолио и  други пазари на Западен Балкан преку соработка со партнерски компании, и со својот кредибилитет гарантира безбедност на деловните договори и реализација на поставените планови.