Ве молиме почекајте...

Септима дооел Скопје
Кариера
Станете дел од тимот на Септима во Скопје
Тимот на Септима
Управувањето со човечки ресурси се темели на јасни и едноставни принципи на соработка, тимска работа, на заемна доверба. Ние сме водени од фактот дека успешна компанија се состои од успешни луѓе на сите нивоа и позиции, и поради тоа на ист начин се грижиме за вработените, за квалитетот на нашите производи и услуги.

Вработените во „Септима“ се мотивирани и насочени кон постигнување на целите и се неопходен фактор за успех на компанијата. Инвестирањето во областа на личниот развој на вработените придонесува за негување на лојалноста и нивната мотивација. Работата во нашата компанија бара посветеност, сигурност, точност, стручност, но претставува и шанса за оние кои сè уште немаат работно искуство, давајќи со тоа можност за заеднички развој и напредок.

Доколку сте амбициозни, сакате да напредувате, континуирано да се подобрувате и да ја градите својата кариера во здраво работно опкружување, Ве повикуваме да ја испратите Вашата биографија на некој од нашите конкурси. Со оглед на тоа што ние сме компанија со јасен план за развој, кој вклучува и нови вработувања, нè радува ангажирањето на  енергични, вредни кадри со лична иницијатива. Без разлика дали тукушто го започнувате или го продолжувате својот професионалниот развој, имаме модели што ќе придонесат за Ваше брзо приспособување кон нашиот систем на работа.
Лидерство
Нашите принципи за лидерство беа создадени од менаџерскиот тим како заедничка филозофија која ги дефинира принципите што ги следат одлуките на нашите лидери и управувањето со тимот.

Дејствуваме сега. Гледаме можности и секогаш размислуваме „како“ а не „зошто не“ треба да направиме нешто. Знаеме дека добрата одлука денес е подобра од совршената одлука утре. Одлуките ги донесуваме брзо, прецизно и професионално.

Организирани сме и структурирани, сигурни и компетентни, фокусирани на крајниот резултат.

Ние ги познаваме нашите клиенти, не само нивните потреби денес, туку и она што ќе им биде потребно утре.

Анализираме, учиме, поддржуваме нови идеи и секојдневно работиме на себе, бидејќи сакаме да бидеме уште подобри.
Актуелни огласи
Во моментов нема отворени конкурси.
ФОРМА ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ВАШЕТО CV
Нè радува Вашата желба да бидете дел од тимот на „Септима“.

Вашата апликација за работа можете да ја испратите преку формуларот за пријава за едно од отворените работни места.

Можете, исто така, да испратите дополнителна документација или понуда за работа на е-поштата: office@septima.com.mk и / или hr@ergowbs.com.