Ве молиме почекајте...

Септима дооел Скопје
Услови за користење
Политика за приватност
Ви благодариме што ја посетивте нашата веб-страница. Вашиот пристап, како и употребата на нашата веб-страница, подлежат на следниве услови за користење и важечките законски прописи што ја регулираат оваа област.

Глобална политика за заштита на податоците и употребата на колачиња

Политика за приватност

ERGO WBS doo и сите нејзини филијали Farmalogist doo Србија, Farmalogist AllBix doo Босна и Херцеговина, Септима дооел Македонија, (во понатамошниот текст: „ЕРГО“, „ние“, „нас“ или „наша“) ја разбираат важноста на заштитата на податоците. Нашата глобална политика за заштита на податоците и употребата на колачиња („Политика“) го дефинира начинот на користење на нашите глобални и јавни веб-страници (во натамошниот текст „Сајт“), како начинот на комуникација со вработените во ЕРГО. Целта на оваа политика е да ви помогне да ја разберете целта за која ги собираме, користиме, чуваме и евентуално ги откриваме вашите лични податоци и изборите што ги правите кога донесувате информирани одлуки при користењето на нашата веб-страница. Исто така, го опишуваме начинот на кој можете да контактирате со нас ако имате прашања во врска со тоа како нашата политика за заштита на податоците функционира во пракса.

Видови на податоци што ги собираме
Ние ги собираме следниве видови лични податоци од вас:
  • Информации за контакт (како што се име и презиме / назив, е-пошта и телефонски број)
  • Податоци во врска со нашите активности за вработување и вашето професионално искуство (како што се име и презиме, деловна е-пошта, делокруг на работа, работно место или позиција за која аплицирате)
  • Податоци за односи со клиентите (како што се податоци за деловен контакти, делокруг на работа, работно место или позиција, податоци за професионална соработка и односи, вклучително и контакти со Ерго и информации што ни овозможуваат да извршуваме одредени работни места за вас.)
  • Податоци за тоа како ги користите нашите веб-страници. За повеќе информации, прочитајте ја нашата Политика за употреба на колачиња.

Услови за користење на сајтот
Интернет-страницата и сите текстови, логоа, графики, слики, аудио материјали и друг вид  материјал на оваа страница се заштитени со авторските права на ERGO WBS doo (во натамошниот текст: Содржина). Користењето на Содржината, освен како што е опишано во овие услови за употреба, без писмено одобрение од сопственикот на содржината е строго забрането.

Содржина на сајтот
Користењето на страницата е базирано исклучиво на начин и под услови опишани во овие Услови на употреба. Овој сајт и неговите делови се за информативни цели, сопственикот на сајтот не ја гарантира точноста, применливоста и комплетноста на информациите и нема да биде одговорен за било калви грешки или пропусти кога станува збор за овие информации. Содржината на сајтот може да биде предмет на промени во било кое време и без претходно известување, по свој избор и без претходно одобрување или известување, со примена на добра деловна практика.

Линкови до други сајтови
Линковите содржани на сајтот кои водат до поврзани сајтови, прикажани се исклучиво како погодност за вас. За содржината на другите сајтови, ние не прифаќаме обврски во врска со информациите, софтверот или другите производи што можат да се најдат таму, или со резултатите што произлегуваат од нивната употреба. Вие пристапувате до содржината од други сајтови до кои водат врските на нашиот сајт на ваш сопствен ризик.

Ако на сајтот се поставени врски до сајтови на трети лица, тоа не може да се смета дека со тоа ги препорачуваме производите и услугите што се нудат на тие страници.

Интегритет на сајтот и услугата
Во согласност со важечката законска регулатива, може да собереме одредени податоци за посети добиени за време на употребата на сајтот. Овие податоци ги користиме со цел да имаме информации со кои би ја подобриле страницата и понатаму би ја насочувале и прилагодувале кон корисниците. Политиката за користење колачиња е содржана во политиката на приватност.

Точност на информациите
Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да обезбедиме точност и ажурност на податоците и информациите на сајтот, но како резултат на брзиот и постојан проток на информации и промените на податоците, нема да можеме во секој момент да гарантираме дека податоците и информациите се точни и ажурни, односно не преземаме никаква одговорност во тој поглед.  Не преземаме никаква одговорност за какво било хардверско, софтверско или друго оштетување на компјутерот или мобилната опрема на Корисникот за време на користењето на сајтот и услугата.

Промени во политиката
Го задржуваме правото да вршиме измени на применливите Услови за користење на сајтот.
Промените во Условите за употреба стапуваат на сила од датумот на објавување на сајтот.

Ништовност на одредбите
Доколку од страна на надлежниот суд се утврди дека некоја од одредбите (Условите за користење, Политиката на приватност) е ништовна, тоа нема да влијае врз правното дејство на другите одредби и тие ќе произведуваат правно дејство во целост.

Контакт
За сите прашања или информации во врска со сајтот, корисникот може да се обрати на следната е-пошта:

Условите за користење се ажурирани на ден 25.09.2020 година и стапуваат  на сила со денот на објавување.
Политика на користење колачиња
Колачињата се мали текстуални датотеки кои web сајтовите можат да ги користат со цел да го направат корисничкото искуство поефикасно. Законот наведува дека можеме да ги чуваме колачињата на вашиот уред доколку тоа е стриктно неопходно за работењето на овој сајт. За сите останати типови на колачиња потребна ни е Ваша согласност.

Овој сајт користи различни типови на колачиња. Некои од колачињата кои се појавуваат на нашите страници, се поставуваат од страна на услугите на трети страни.

Компанијата ERGOwbs на својот сајт ги користи следните колачиња:

1. Неопходни колачиња
Неопходните колачиња се колачиња кои го овозможуваат функционирањето на основните функции на интернет страницата, како што се навигацијата на страницата и пристапот кон заштитените делови на интернет страницата. Невозможно е правилно функционирање на интернет страницата без овие колачиња.
 
Име: Намена: Траење:
website_session Се употребува за дистрибуција на сообраќајот при посетата на интернет страницата на повеќе сервери за да се оптимизира времето на вчитување на страницата, како и на дополнителната содржина на истата. 1 ден
cookie_policy_agreement Ја чува согласноста на посетителот за колачињата на моменталниот домен. 1 година
visitor Ја чува информацијата дека посетителот ја посетил интернет страницата. 1 ден


2. Подесување
Колачињата за подесување му овозможуваат web сајтот да ја меморира информацијата која го менува начинот на кој web сајтот се однесува или како изгледа, како што се подесување на јазикот или областа на која посетителот се наоѓа.
 
Име: Намена: Траење:
language Ја чува информацијата за актуелниот (избраниот) јазик на web сајтот. 1 година


3. Статистички колачиња
Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на интернет страницата да го разберат начинот на кој посетителите ја користат интернет страницата и тоа така што овие податоци се прибираат анонимно и за тоа се составува извештај.
 
Име: Намена: Траење:
_ga Регистрира единствен ИД кој се користи за генерирање на статистички податоци за тоа како посетителот ја користи интернет страницата. 2 години
_gat Се користи од страна на Google аналитиката за намалување / регулирање на стапката на пребарувања. 1 ден
_gid Регистрира единствен ИД кој се користи за генерирање на статистички податоци за тоа како посетителот ја користи интернет страницата. 1 ден


Политиката на употреба на колачиња е ажурирана на ден 25.09.2020 година и стапува на сила со денот на објавување.