Адреса: Булевар 3-та Македонска бригада бр.92
1000 Скопје, Р.С.Македонија
Телефон: +389(0)2 3060-175
Email: office@septima.com.mk
„Септима“ дистрибуира 900 различни производи (лекови, медицински помагала, додатоци во исхраната, козметика и други производи за здравствена заштита) на компании-партнери: Agetis, Berlin Chemie, Betasan, Esensa, Ceumed, CeraVe, Goodwillpharma, Innotech Laboratoire International, La Roche Posay, Medochemie, Merz, Viatris, Octapharma, Pfizer, Remedica, Unimed Pharma, Vichy...
Berlin Chemie е иновативен производител на лекови со богата традиција, германски член на Menarini-групација, која зазема лидерска позиција на италијанскиот пазар веќе многу години. Тоа е компанија основана во далечната 1886 година во Фиренца и низ годините бележи интензивен раст и развој за да прерасне во она што е денес, а тоа е глобална фармацевтска компанија. Нивната иднина ја гледаат во континуирано истражување и интернационализација.
Vichy е премиум-бренд за медицинска дермокозметика под закрилата на компанијата L'Oreal. Основан е во 1931 година и уште од самиот почеток, па до денес, термалната вулканска вода од топлите извори во градот Виши, Франција е единствениот извор на минерална вода што се користи во рецептурите на Vichy. Извирајќи од длабочините, термалните води изобилуваат со минерали и хранливи материи неопходни за правилната нега и одржување на убавината на кожата. Идеалната кожа веќе не е сон! Ефикасност, толеранција и пријатно чувство се главен темел на вредностите на Vichy.
La Roche Posay. Во 1975 година создаден e францускиот бренд La Roche-Posay Laboratoire Dermatologique, развивајќи се во модерна компанија, под закрила на компанијата L'Oreal со единствена мисија да развива производи за нега на кожа. Користејќи ја уникатната формула на природно-смирувачка и антиоксидативна термална изворска вода, на дерматолозите им обезбедува ефикасни решенија за третман и нега на кожа.
Препорачана од 90.000 дерматолози во светот, медицинската дермокозметика La Roche-Posay е формулирана според високи стандарди за ефикасност и безбедност, нудејќи решенија за сите типови на кожа, дури и за онаа најосетливата.
CeraVe. Во 2005 година, дерматолозите на CeraVe развија линија на производи за нега на кожа збогатена со комбинација од три есенцијални церамиди за да помогнат во обновувањето на природната бариера на кожата.
Со MVE технологија за континуирано ослободување за целодневна хидратација, CeraVe нуди ефективни, дерматолошки производи за нега на кожа за сите типови кожа.
CeraVe производите за нега на кожа вклучуваат повеќе од 90 производи во осум категории, како што се производи за чистење и навлажнување на лице, производи за чистење и навлажнување на телото, серуми за лице, креми за сончање и производи за нега на бебиња. Дополнително, CeraVe e посветен на континуиран развој на безбедни, ефективни производи за нега на кожата во соработка со експертизата на дерматолозите.
Esensa е иновативна компанија со сопствени формулации на висококвалитетни диететски суплементи, медицински средства, предмети за општа употреба во кои се вклучени козметички и биоцидни производи. Основана е во 2002 година во рамките на Farmalogist, а од 2008 функционира самостојно. Производите на Esensa се присутни на пазарите во Србија, Црна Гора, БиХ, Република Северна Македонија, а одредени нејзини брендови можат да се набават и во земјите на Европска Унија и пошироко. Дефиницијата за успех на оваа компанија е квалитет, доверба и задоволство кај потрошувачите и деловните партнери.
Laboratoire Innotech Internacional е компанија што има цврста позиција на пазарот во Европа и Јужна Америка, а се обидува да ја зголеми својата присутност на пазарите во Африка и Азија. Со мрежа што опфаќа повеќе од 100 земји низ целиот свет, во портфолиото на Laboratoire Innotech Internacional се вбројуваат лекови, медицински помагала и фармацевтски производи создадени за лекување секојдневни патологии, како што се: гинеколошки инфекции, венска инсуфициенција, анемија и недостиг на одредени минерали. Целта на компанијата е развивање нови производи преку развивање на нови и иновативни молекули.
Оctapharma е иновативна фармацевтска компанија, основана во 1983 година со седиште во Швајцарија, лидер во областа на плазма-фракционирањето, т.е. добивањето деривати од плазма. Единствената цел на Octapharma е секојдневно да го развива и унапредува производство на безбедни, ефикасни, едноставни за администрација и добро подносливи, високо прочистени иновативни биотерапевтски лекови – плазма-деривати. Фокусот на оваа компанија е развојот на лекови за три терапевтски области: хематологија, имунотерапија и ургентна медицина.
Pfizer е една од најдобрите иновативни биофармацевтски компании во светот, која открива, развива и обезбедува над 170 различни лекови и вакцини за да помогне во подобрувањето на животот на милиони луѓе во светот секоја година. Нивната цел е втемелена во верувањето дека сите луѓе заслужуваат да живеат здрав живот, а Pfizer го овозможува тоа преку обезбедување безбедни, квалитетни и високоефикасни лекови.
Medochemie е интернационална компанија за производство на фармацевтски производи со седиште во Лимасол, Кипар. Уште од самото основање во 1976 година, целта на компанијата е да обезбеди квалитетни и достапни лекови за секој човек, секаде во светот.
Remedica Ltd. e фармацевтска компанија лоцирана на Кипар, со седиште во Лимасол, а нејзините фармацевтски производи се дистрибуираат во повеќе од 160 земји во светот. Посветена е на производство и продажба на голем број висококвалитетни фармацевтски производи, поделени во повеќе категории, како што се антибиотици, аналгетици, кардиоваскуларни лекови, витамини... Нејзината визија е создавање здрава популација преку висококвалитетни, безбедни и ефикасни лекови, со достапни цени.
MERZ е глобална фармацевтска компанија која постои на пазарот повеќе од 110 години посветена на иновации и развојни технологии. Управувана од можноста да им помогне на луѓето да изгледаат подобро, да се чувствуваат подобро и да живеат подобро, MERZ стекнува доверба кај лекарите специјалисти по дермоестетика и неврологија со цел да овозможи задоволство на клиентите. Линијата MERZ SPECIAL е единствена комбинација на витамини, минерали и микроелементи специјално формулирани за да ви помогнат да „изградите“ убава, здрава и блескава коса, кожа и цврсти нокти.
Viatris е интернационална фармацевтска компанија посветена на поставување на нови стандарди во здравството и им обезбедува на 7 милијарди луѓе пристап до висококвалитетни лекови во повеќе од 165 земји. Нивното растечко портфолио со повеќе од 7.500 производи вклучува генерички лекови, оригинатори и биослични лекови, како и лекови без рецепт. Како генеричка и специјализирана компанија за лекови создадена во 1961 година, преку своите подружници развива, произведува, продава и дистрибуира фармацевтски производи.
Goodwill Pharma e унгарска фармацевтска компанија застапена на пазарот во областа на развој на производи, продажба и пласман на фармацевтски производи во централно-источна Европа и пошироко. Во согласност со корпоративната мисија: „Добро здравје - Добар живот - Добра волја“, Goodwill Pharma се стреми да ја исполни одговорноста да создаде додадена вредност за нашето општество и да го подобриме развојот на иновативни, висококвалитетни лекови и додатоци во исхраната базирани на науката.
Betasan Inc. е реномиран производител на производи за прва помош, завои и на фластери. Компанијата е основана во 1983 година, а денес нејзините производи се продаваат во повеќе од 20.000 аптеки и во 90% од болниците во Турција. Од самиот почеток, Betasan е лидер во оваа област во Турција, но денес извезува производи во 56 земји во светот. Примарна цел на Betasan е да им биде прв избор на пациентите и на клиниките кога станува збор за фластери и завои во светот.
Unimed Pharma е словачка фармацевтска компанија основана во 1994 година. Насочена е кон развој и производство на генерички офталмолошки производи. Од основањето, па до денес, компанијата бележи многу квалитативни и квантитативни промени за да им обезбеди квалитет на своите потрошувачи. Фокусот на Unimed Pharma е истражување и барање нови начини на лекување и грижа за вашиот вид.